| четврток, 6 декември 2018 |

Смртта на Драган Николиќ ја кријат од Бата Живоиновиќ (фото)

Велимир Бата Живоиновиќ сè уште не е известен за смртта на неговиот колега и близок пријател Драган Николиќ, а сопругата Лула не знае кога и како на својот сопруг ќе му ја соопшти тажната вест.

bataidragan-630x380

-Цело утро ни ѕвони телефонот. Бата моментно спие. Не знам кога и на каков начин, поради неговата здравствена состојба ќе му соопштам дека Гага веќе го нема, изјавила за медиумите животната сопатничка на легендарниот Валтер.

Tan2016-2-26_205131141_0

Лула со одбрани зборови зборува за Драган Николиќ:„ Тој беше толку прекрасна личност. Многу нè потресе оваа вест. Бата му даваше поддршка да издржи. Со Милена постојано бев во контакт и таа многу страдаше, многу ѝ беше тешко“.

Screenshot_1

Сеќавањата навираат…

-Драган дојде заедно со Драган Бјелогрлиќ да го посетат мојот Бата и тогаш му кажа „Леле стари колку добро изгледаш. Јас ќе си заминам пред тебе“. Бата тогаш се чудеше зошто му ја бацуваат раката, а тие му кажаа: „Ти беше и засекогаш ќе останеш нашиот кум, нашиот Вито Корлеоне“ – изјавила со глас полн со тага Лула Живоиновиќ.

Untitled-1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top