Во Скопје и во Битола на 22 и на 24 април ќе се одржи стрип-изложба и проекција на краткиот анимиран филм „Реквием за Пинокио“ на сараевскиот аниматор, стрип-цртач и режисер Берин Тузлиќ.
Тузлиќ годинава влезе во официјална селекција на Канскиот филмски фестивал.
Стрип – изложбата и проекцијата ќе се случат на 22 април во културниот центар „Јавна соба“ во Скопје, а на 24 април во Центарот за култура во Битола.
Како што вели авторот, ова дело е молитва за сите возрасни души, кои го чекаат „судниот ден“, кога ќе застанат пред Рајот со дигнати глави, каде ќе им свети или вечна светлина или ќе паднат во мракот на пеколот. А, во овој филм, тоа ќе им го одредат децата!
Берин Тузлиќ е роден во 1968 година, во Сараево, и се образувал во областа на анимацијата, во родната Босна, а потоа во Франција, Канада, Данска и Хрватска. Она што го краси неговиот опус се квалитетно продуцираните кратки анимирани арт филмови, со кои учествувал во над 20 меѓународни фестивали низ целиот свет: од Франција, Јапонија, САД, Кина и регионов. Автор е на 50 стрип албуми, 50 музички видео спотови, 30 кратки анимирани филмови, над илјада минути адвертајзинг анимации. Сопственик е и креативен директор во најголемата маркетинг агенција во Босна, „Виа Медиа“, основач на здружението за уметност и визуелна комуникација „Пиксел“, а за неговата сестраност потврда се и музичките изданија реализирани со неговиот бенд „Безбели апстраклије“ и проектот „Драмелоди“, спој на ритам, анимација, видео и „лупови со поинакви звуци и музички аранжмани“.
„Реквием за Пинокио“ е емотивна приказна, која ме потсети на почетокот на војната во Босна, и моето чувство како дете, кога целиот свет ми се промени потполно, и тоа преку ноќ. Тука е симболиката на Пинокио, кој го преживеал босанскиот хаос, за да загине во Париз. Тоа го толкувам како една судбина, што не следи сите нас – кои ја преживеавме војната, но, на некој начин „умревме“, односно дел од нас е убиен, за што ќе станеме свесни кога најмалку се надеваме – можеби токму во мирот и тишината на една европска метропола…“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст