Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа на мостот „Гоце Делчев“, информираат за „Република“ од СВР Скопје.
Се работи за 60-годишно машко лице, возач на авотомобилот „фиат пунто“, кој им подлегна на повредите.
Според полицијата, утринава во 9.50 часот, прво дошло до судир на автомобил „фиат пунто“ и „ситроен“, двете возила со скопски регистарски таблички, по што „пунтото“ се забило во оградата на мостот и останало да виси. Возачот подоцна беше извлечен од страна на противпожарната бригада, а Брзата помош се обиде да го реанимира.
Полицијата врши увид на местото на настанот. Идентитетот на загинатото лице ќе биде објавен подоцна.
Неговата сопруга во разговорот со полицајците што вршеа увид изјави дека не видела точно што се случило и како се случило туку само забележала дека тој удира во автомобилот пред нив и врти десно кон оградата. Таа потврди дека на сопругот одеднаш многу му се слошило и дека тоа е причината за оваа тешка сообраќајна незгода.
Фото: Александар Ивановски, Република
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.