| четврток, 6 декември 2018 |

Возачот извлечен од автомобилот, Брза помош се бори за неговиот живот

Возачот кој пред неполн час со својот автомобил се заби во оградата на мостот „Гоце Делчев“ е извлечен од возилото. Во моментот екипите од Брзата помош го реанимираат.

Sobrakajka na goce delcev most (5) (Custom)

Не се знае како дошло до тешката сообраќајка, по која возачот заедно со автомобилот останаа да висат од мостот. Според очевидци, немало судир со друго возило, туку автомобилот „фиат пунто“ нагло свртил десно и ја пробил оградата.

Sobrakajka na goce delcev most (3) (Custom)

Екипите на Брзата помош и на противпожарната бригада веднаш излегоа на местото на настанот.

Sobrakajka na goce delcev most (2) (Custom)

Фото: Александар Ивановски, Република

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top