| четврток, 6 декември 2018 |

Најдобрите секс пози за полесно забременување

Мисионерска поза

Мисионерската поза, односно кога мажот е горе, а жената долу, наводно е најдобра позиција во сексот, ако сакате да забремените.  Теоријата е дека на овој начин се овозможува најдлабока пенетрација и така спермата доаѓа најблиску до грлото на матката.

 

Колковите нагоре

Жената мора да ги подига колковите, а тоа најдобро може да го изведе ако стави перница под нив. Оваа поза овозможува изложеност на грлото на целата сперма која мажот ја исфрла.

 

Кучешка поза

Оваа поза, во која мажот пенетрира во парнерката од задниот дел, исто така е препорачлива кога сакате да забремените. Во оваа позиција, исто така, спермата доаѓа најблиску до грлото на матката, со што се зголемуваат шансите за зачнување.

 

Странична пенетрација

Позата во која и мажот и жената лежат на страна, додека таа му е свртена со грбот, исто така се препорачува во обидите да се забремени. Страничната пенетрација овозможува лесна изложеност на матката и побрз пристап на спермата.

 

И конечно – оргазам!

Иако ова нема никаква врска со позите, некои студии покажале дека женскиот оргазам и тоа како има врска со плодноста. Според истражувањата, женскиот оргазам доведува до контракции кои и помагаат спермата да стигне до грлото на матката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top