| четврток, 6 декември 2018 |

Андреа Пенезиќ со 11 гола ги потопи црногорките

andrea penezic

Хрватска е лидер во четвртата квалификациска група за ЕП 2016, од која дел е и Македонија, откако „коцкестите“ славеа во пресметката со ракометарките на Црна Гора со минимални 23-22. И двете селекции влегова во овој дуел со максимален ефект од претходните две кола, но хрватските репрезентативки имаа повеќе нерви, па во неизвесна завршница стигнаа до голем триумф.

Најзаслужна за победата беше ракометарката на ЖРК Вардар, Андреа Пенезиќ, која со единаесет погодоци го реши фаворизираниот противник. Соња Башиќ беше стрелец на шест погодоци за Хрватска, додека Миќиевиќ постигна три гола, меѓу нив и победничкиот на 40 секунди до крајот. Најефикасна кај Црногорките беше Раичевиќ со десет постигнати погодоци.

Вториот натпревар меѓу овие две селекции ќе се игра веќе в сабота во Бар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top