| четврток, 6 декември 2018 |

АМСМ: Внимавајте на одроните меѓу Кочани и Делчево

odroniiПоради одрони на патниот правец Кочани – Делчево, на Биничка крстосница помеѓу селата Истибања и Калиманци блокиран е сообраќајот во двата правца. Сообраќајот се пренасочува преку Виница, информира Авто-мото сојузот на Македонија.

Оттаму посочуваат дека од 16 часот  сообраќајот се одвива по една коловозна лента на патниот правец Удово – Демир Капија, пред тунелите кај Демир Капија, поради одрон на камења на коловозот. Од 12:20 часот сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента и на регионалниот пат Берово – Виница кај местото викано Обозна,исто така поради одрон на камења .

Сообраќајот на сите останти државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

– Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово, Кочани-Делчево и Ресен – Буково каде е можна почеста појава на одрони, велат од АМСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top