Од понеделник, МЖ Транспорт – Скопје во редовен сообраќај го враќа деловниот воз 540/541 на релацијата Битола – Скопје – Битола.
МЖ Транспорт информира дека на релацијата Скопје – Битола – Скопје се воведува уште еден пар возови 940/941. Сообраќајот на возовите 540/541 и 940/941 ќе се реализира со новите современи кинески дизел-моторни гарнитури.
Од Скопје кон Битола и од Битола кон Скопје, место постоjnite три, ќе сообраќаат пет пара возови.
Популарниот деловен воз (Пелагонија) ќе вози по важечкиот возен ред. Од Битола ќе тргнува во 5.18 часот, а во Скопје ќе пристигнува во 8.02 часот. Од Скопје за Битола ќе тргнува во 17.10, а во Битола ќе пристигне во 19.51 часот. Нововоедениот воз 941 од Скопје ќе тргнуваат 1.40 по полноќ, а во Битола ќе пристигнува во 4.30 часот. Од Битола за Скопје возот 940 ќе тргнува во 20.50, а во Скопје ќе пристигне во 23.39 часот.
Двата воза ќе возат под задолжителна резервација на место за седење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст