| четврток, 6 декември 2018 |

По шест круга избори – Наполитано е повторно претседател на Италија

Актуелниот италијански претседател Џорџо Наполитано денесека,  во шестиот круг од изборите, повторно e избран за претседател на Италија.

87- годишниот Наполитано е првиот претседател во историјата на Италијанската Република избран за втор мандат на функцијата. Тој се покажа како консензуална фигура откако избирачката комисија составена од пратеници од двата дома на Парламентот и претставници на 20-те италијански области ги отфрлија претходно предложените кандидати.

Според експертите изборот на претседател е клучен услов за излез од политичкиот ќорсокак, во кој се најде Италија по предвремените парламентарни избори што не резултираа со јасен победник.

Италијанскиот претседател има малку реални овластувања, но е гарант на Уставот и го отелотворува единството на нацијата. Тој има седумгодишен мандат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top