Белгискиот медијатор-провокатор со голема мака и огромна жал најави скоро заминување од земјата во која барем 100-на параспури го обожаваа. Расплакан поради прекинот на дотокот на баснословните 27.000 евра месечно за пишување глупости на Твитер и монтажи со мачки, фламанскиот биљмез ги симна замаглените очила, тешко воздивна, мјаукна и откри зошто го правел сето ова:
-„Мјауууу… Мислам ехххх, де! Пррррр… Знаете јас сум гребнат, ама многу сум гребнат. Уште од малечок мислам дека сум мачка, мачор поточно. И се додека си мајукав само по дома и во маало, знаете Моленбек, онаму каде има само терористи и два-тројца Белгијци, и не беше така страшно, ама ЕУ ме злоупотреби, ме вработи на сила и ме направи преговарач. Лут сум им! Апаши!“
Соблазнетите фаци на скопските обожаватели кои со секоја гнасна навреда кон македонскиот народ се повеќе и пострасно се вљубуваа во фламанскиот мачкар останаа во прашалници. Ванхауте сфати и набргу се дообјасни:
-„Знаете, јас сум дел од програмата на вработување лица со посебни, во мојот случај мачешки потреби, во администрацијата на Европската Комисија. За такви шалабајзери ко мене, кој мисли дека е куче, кој маче, а имаме и еден што е ванземаљац – Брисел добива многу погодности и одбитоци на данок. Ама таксират, за беља ми се падна Македонија и од мака се изнатресов глупости, ама морав, извинете, мјауууу!“
Идолопоклониците на Ванхауте повторно се збунија и го прашаа зошто го рекол ова, па нели не ја бива државава? Прашаа и бурно заплакаа.
-„Не бе биљмези мои мачкарско-опозициски што ми предете околу нозе. Проблем е времето бе – многу дожд бе! А која мачка сака вода – не е мачка! И во Грузија времето беше поубо! Башка песокот ви е крупен и остар, не може човек, т.е. мачка ни на раат да си се олесни бе мачиња мои бе!“ – им свика Ванхауте на збунетите Шеќеринска и Ременски, кои л’цнаа од среќа што некој конечно ги нарече мачиња, првпат во живот.
И додека неговите обожаватели го убедуваа да остане и дека го утнал времето во кое дојде и оти сега, конечно, ќе се разубави и затопли, ама дека и саглам песок ќе му набават од Преспа, Ванхауте им ја скрши и последната надеж, се накостреши и им викна:
„Мјаууу, пхххххххх!!! Бегајте или ќе ве изгребам сите! Тупаницата и ѕвездата со мачка да ги смените, џабе. Башка платата, башка другите ми „фондови“ со сомнително преговарачко потекло – ја одам да се пензионирам на еден остров со Фуере, го купивме, а му резервиравме место и на Аиво. Остров населен само со мачки и млади момчиња, мјаууу-пррррррр!“ –викна предејќи гласно Ванхауте, го спичи точакот со шкрипка и исчезна во скопската магла.
Последен пат е виден како силно мјаука и весла кајче кон Змискиот остров со грда фацијална експресија и риба в уста, а до него пливкал Фуере, врзан со две буриња кои ги фати на времето, ама сега за да не потоне. И двајцата гласно липајќи и колнејќи, отпловиле кон зајдисонцето…
Олаф од Фрозен
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Олаф од Фрозен
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст