| четврток, 6 декември 2018 |

Фатени 17 илегалци во скопски автомобил, се трага по уште две возила

Ноќта на 9 март oкoлу 02.30 чaсoт, нa мaгистрaлниoт пaт Струмицa – Рaдoвиш, пoлициски службeници зaбeлeжaле три вoзилa кoи сe движeлe сo гoлeмa брзинa, по што сo службeнoтo вoзилo тргнале по нив.

Две од вoзилaта успеале да побегнат, како и возачот на третото возило, додека возилото кое го управувал, „опeл синтрa”, со скопски регистарски ознаки, било пронајдено и во него биле затекнати 17 мигранти.

Мигрантите се приведени во ПС-Струмица и  по извршениот разговор, по наредба на јавен обвинител , тројца мигранти се спроведени и предадени во Прифатниот центар во Скопје, додека останатите 14 мигранти се предадени во Транзитниот центар во Гевгелија.

Се преземаат активности за утврдување на идентитетот на возачот на возилото и пронаоѓање на останатите две возила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top