| четврток, 6 декември 2018 |

Полицаец лажел дека е болен, собрал 2.000 eвра за „лекување“

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава за З.Ј. (39) од ПС ОН Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама.

Пријавениот во три наврати во периодот од 2014 до 2015 година, додека работел како полициски службеник на подрачјето на Крушево, од три лица од Крушево позајмил парични средства во висина од вкупно 117.000 денари, доведувајќи ги во заблуда истите дека паричните средства му се потребни за лекување и дека во најбрзо време ќе им ги врати, но се до пријавувањето на случаите од страна на оштетените истото не го направил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top