Пролетта носи промени што влијаат врз нашето расположение, имунитет и комплетното чувство. Еве еден пијалак што го ублажува уморот.
Состојки:
3 исчистени портокали
1 лажичка ленено масло
1 дл студена вода
Подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер и добро промешајте. Ако немате блендер, добро исцедете го сокот од портокали и во него додајте ги маслото и водата, па добро промешајте.
Портокалот е богат со витамин Ц, калциум и фолна киселина, а лененото масло е тука за да го забави протокот на овошните шеќери од овошјето во крвотокот и така да обезбеди рамномерно создавање енергија во траење од неколку часа.
Овој сок може да ви помогне во превенцијата кај кардиоваскуларните болести и болестите на белите дробови, а неодамнешните медицински истражувања покажаа дека редовното користење ленено масло го намалува покачениот крвен притисок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.