| четврток, 6 декември 2018 |

Камион прегази пешак, поврдената на Ургентен

Вчера околу 13.50 часот во Куманово, на крстосница од ул.„Тонко Димков“ и ул. „Бајрам Шабани“, се случила сообраќајна незгода во која товарно моторно возило „фап“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на ЈП „Македонски шуми“, управувано од В.Ќ. (63) од Куманово удрило во пешакот С.А. (45) од Куманово.

Во незгодата С.А. се здобила со тешки телесни повреди и  по укажаната  лекарска помош во кумановската болница, поради сериозноста на повредите е пренесена во Ургентен центар – Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР – Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top