Најдобриот играч на Атлетико Мадрид, Французинот Антоан Гризман, е пред излезните врати на „Висенте Калдерон“ откако шпанскиот весник „АС“ објави дека Манчестер јунајтед е подготвен да го откупи договорот и да ја плати откупната клаузула која изнесува 80 милиони евра.
Атлетико Мадрид со сите сили се обидува да го продолжи договорот со одличниот офанзивен фудбалер, но по се изгледа Гризман ќе го прифати понудениот богат договор од „црвените ѓаволи“.
Французинот игра уште една одлична сезона под водство на Диего Симеоне и веќе има 15 голови зад своето име. Атлетико Мадрид е познат по производство на одлични напаѓачи, кои подоцна ги продава за одлична сума, а Гриезман сигурно би бил рекорд доколку Јунајтед навистина плати 80 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент