| четврток, 6 декември 2018 |

Статус на Груевски на „Фејсбук“: „Катар ервејс“ ќе воведе директна линија со Македонија

Една од светски најдобро рангираните авиокомпании „Катар ервејс“ ќе воведе директна линија со Македнија, напиша на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

– Ова е уште една нова линија која е резултат на нашите залагања за обезбедување на нови дестинации за нашите граѓани. Сето ова беше иницирано при мојата посета на Доха за време на средбата со емирот Хамад бин Џабир ал-Тани, по што се реализира и средба со нивната авиокомпанија, на која беше разговарано за можноста за отворање на директен лет. Тие контакти продолжија при што компанијата „Катар ервејс“ донесе позитивна одлука. Во текот на 2016 година ќе има директно поврзување со Доха, Катар, кој претставува еден од најмоќните економски емирати и е значаен трговски центар – напиша Груевски.

Инаку преку финансиската поддршка што се обезбеди за воведување на евтини авиолинии, нагласува Груевски, до сега воведени се евтини летови до 20 градови во Европа, од Скопје кон Лондон, Венеција, Малме, Базел, Ајндховен, Дортмунд, Милано, Минхен, Стокхолм, Гетеборг, Брисел, Франкфурт, Келн, Париз, Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург, Фридрихсхафен и од Охрид кон Базел. Ваквата можност за евтини летови досега ја искористија преку 2 милиони патници што заштедиле на својот буџет, ја искористиле понудената можност за патување до некоја европска дестинација. До крајот на овој месец ќе се воведат уште три нови дестинации кон Братислава, Копенхаген и Берлин, а од мај авиокмпанијата „Чех ерлајнс“ ќе воведе линија до Прага.

skopje

Со овие авиолинии и со другите што моментно оперираат од македонските аеродроми се обезбедени вкупно 34 дестинации, односно 35 со новата линија до Катар. За споредба во 2005 година се леташе кон само 15 дестинации, што е за повеќе од двапати помалку од тоа што е достапно сега. Тоа се одрази и на бројот на патници, при што ако тогаш, во 2005 година, имаше само половина милион патници, последната 2015 година македонските аеродроми забележаа рекордна бројка од 1,5 милиони патници, напиша Груевски.

За отворање на сиве овие многу нови линии, Груевски подвлекува дека покрај нивната упорност и владин ангажман клучни беа уште две работи:

Изградбата на многу нови работи и содржини како музеи, споменици, репрезентативни згради и слично во Скопје и Македонија со кои се збогати туристичката понуда и на туристите им е далеку поатрактивно да ја посетат Македонија од порано и  второто е визната либерализација за македонските граѓани која ја изработивме за само две и пол години по доаѓањето на власт во 2006 година. Зголемениот број на патници е и резултат на развојот на економијата, трговските односи, туризмот, додека обезбедувањето на евтини летови и нови дестинации е нова можност за граѓаните која ја користат, особено важна за младите, но и за стопанството, патувањата значат можност за нови поврзувања, искуства, контакти, отворање кон Европа и Светот, заклучи Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top