| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто мажите лудуваат по раскошни задници?

задник
Зошто мажите се возбудуваат кога ќе видат секси, раскошен задник? Верувале или не, постои наука и зад тоа.

Сега е одлично време за мажите кои треперат секој пат кога ќе видат секси позадина. Тука се Ники Минаж, Ким Кардашијан, инструкторките по фитнес и јога, а повеќето жени вредно прават сквотови за да имаат што пообликувана позадина.
Но, оваа опсесија со женските задници не е ништо ново. Уште повеќе, станува збор за природен нагон, објаснува професорот по психологија Дејвид Бус.
Мажите ги привлекува женската позадина од истата причина поради која ги привлекуваат и градите, колковите и тесната половина, а тоа е бидејќи тие карактеристики биле индикатори за плодност кај нашите далечни предци.
Мажот еволуирал за да бара жена со која може да зачне, истакнува Бус. Ако жената има поголем задник, тоа е сигнал за „примитивниот“ мозок дека поседува доволно масти за да забремени. А, ако нејзината позадина е истакната и заоблена, тоа значи дека жената веројатно е и млада, што во добата на пештерскиот човек, ја правело идеална кандидатка за да носи дете.
Секако, културата и местото на растење исто така можат да бидат фактори кои ќе одредат колку мажи во таа област ги фаворизираат женските позадини. На пример, 59% од Аргентинците повеќе ги сакаат женските задници, отколку градите, додека Британците не обрнуваат толкаво внимание на позадините.
Но, без оглед на тоа каде живееме, задниците се „пробиваат“ на врвот од поп културата.
-Со познатите личности со големи задници како Џенифер Лопез и Ким Кардашијан, жените ширум светот сакаат да го копираат тој изглед и да го привлекуваат вниманието со заносните задници-, истакнува сексологот Ава Кадел.
Благодарение на овој „тренд“, секс позата доги стајл е најпопуларна од било кога досега, а дури и за аналниот секс има се` повеќе заинтересирани двојки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top