Во духот на старата руска традиција, во мразот на реките и езера се сечат дупки во форма на крст. Верниците точно на полноќ се нурнуваат во студената вода три пати, во чест на Светата Троица. Потоа светото лице ја кажува молитвата.
Руската агенција, Риа Новости, објави дека шефот на администарцијата во Москва изјавил дека на пијаните граѓани нема да им се дозволи да се причестат во осветените води бидејќи тоа е против религијата. Според верувањата, во осветените води, мора да се влезе со чиста мисла, а не под дејство на алкохол. Од градските власти изјавиле дека поради ниските температури на терен ќе бидат итни служби кои ќе реагираат доколку е потребно.
Повеќе од 50 свети мест за капење на Богојавление се поставени низ руската престолнина за да можат верниците да ги измијат своите гревови. Согласно руските верувања, водата осветена на Водици е лековита, па луѓе со разни болести ќе се искапат за да бидат излекувани.
Температурите во повеќето делови на Русија во моментов се под нулата. Во Москва температурата се движи во интервал од -10 до -15 степени целзиусови. Минатата година 120,880 Русија се капеле во студените води на 19 јануари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


