Вчера во 16.30 часот во Скопје на ул. „Св.Кирил и Методиј“, А.С. (40) од Скопје започнал расправија со возачот на автобус со возен број 9, Е.А. (32) од Скопје.
Поради недоразбирање во сообраќајот А.С. излегол од своето возило „ауди А4“, со скопски регистарски ознаки и со секира удрил во страничното стакло од автобусот и се обидел преку искршеното стаклото да го нападне возачот. Потоа влегол внатре во автобусот, со намера да го нападне возачот, но од страна на патниците кои биле во автобусот бил спречен во намерата.
Од страна на АЛФА тим А.С. е приведен во ПС Центар.
СВР Скопје превзема мерки за расчистување на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст