Органски произведени овошје и зеленчук од Македонија ќе извезува на европскиот пазар турската компанија Атајмач која денеска почна да гради откупно-дистрибутивен центар во индустриската зона во општина Илинден.
Вкупната инвестиција во откупно-дистрибутивниот центар за овошје и зеленчук ќе изнесува 10 милиони евра и ќе бидат отворени 100 работни места, истакна инвеститорот Атај Мач на средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој претходно на Фејсбук го најави стартот на инвестицијата.
Мач и Груевски посочија дека првичниот договор за инвестицијата се случил на нивна средба во тек на бизнис форум пред две години во Анкара.
Инвеститорот Мач го информира Груевски дека во меѓувреме по одлуката за инвестирање е купена градежната парцела, обезбедени се потребните дозволи за градба и денеска почнуваат градежните активности кои планираат да ги завршат до наесен за да се искористи откупната сезона.
– Ќе откупуваме претежно органски производи, сите видови овошје и зеленчук, кои ќе ги извезуваме во Западна Европа. Првично планираме откуп од локалните земјоделци, а во иднина ќе извезуваме производи од сопствено производство, рече Мач.
Груевски се интересираше за соработката на турскиот бизнисмен со надлежните македонски институции кои, како што беше истакнато, помогнале во обезбедување услови за почеток на инвестицијата. Груевски најави натамошна поддршка за текот на инвестицијата.
Министерот за земјоделство Михаил Цветков изрази задоволство од најавата на компанијата Атаимач за извоз на органски производи од Македонија.
– Ќе направиме се Македонија да стане производител на органска храна бидејќи тоа го бара и европскиот пазар, наведе Цветков, најавувајќи дека токму за откупот на органски произведена храна во државава денеска ќе има средба со домашните земјоделски задруги и производители.
Ресорното Министерство обезбеди вкупно 24 локации за откупно-дистрибутивни центри за овошје и зеленчук, од кои 11 се веќе продадени. За поголемиот дел се изработуваат проекти, а останатите се во фаза на понуди за прибирање тендери за градба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии