| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска воведува нови ограничувања за влез на бегалците

Хрватскиот министер за внатрешни работи Влахо Орепиќ изјави дека Хрватска, која е членка на Европската унија, но не и на шенгенската зона, од ноќеска на полноќ вовела нови мерки за ограничување на влезот на бегалците.

Granica-Srbija-Hrvatska-migranti-Tovarnik-2-620x350

Одлуката беше донесена откако од полноќ стапија во сила новите ограничувања на Словенија за влез на бегалците на словенечка територија. Словенија ги прима само оние бегалци што изјавуваат дека бараат азил на нејзина територија и оние што доаѓаат од хуманитарни причини.

Хуманитарните случаи ќе се разгледуваат секој поединечно, а согласно со ограничувањата, Словенија при контролата на границите ќе бара приложување валидна виза за ЕУ.

Како одговор на словенечките мерки, Србија исто така реши да ги затвори границите со Македонија и со Бугарија за бегалци и за други мигранти, кои немаат валидни визи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top