Пренесувањето на вирусот зика по сексуален пат е пораспространето отколку што се верувало, соопшти Светската здравствена организација, повикувајќи се на извештаи од повеќе држави.
По состанокот на Одборот за итни ситуации, СЗО наведува дека има сѐ повеќе податоци за зголемен број на вродени мани предизвикани од вирусот зика.
Тој вирус главно се пренесува по убод на комарци.
Генералниот директор на СЗО, Маргарен Чан, вели дека извештаите и истрагите од повеќе држави укажуваат дека пренесувањето на тој вирус по сексуален пат е пораспространето отколку што претходно се претпоставувало.
Таа рече дека девет држави пријавиле поголем број случаи на Гиен-Бареов синдром, ретка болест која може да предизвика привремена парализа и смрт, не само меѓу жени, туку и меѓу деца, тинејџери и постари луѓе.
СЗО им препорача на бремени жени да избегнуваат патување во држави каде е прогласена епидемија на зика и ако нивните партнери патуваат во такви држави, да се преземат мерки за безбеден сексуален однос.
Иако нема конечни докази дека зика предизвикува вродени мани и невролошки проблеми, Чан вели дека официјалните здравствени лица не треба да чекаат конечни научни потврди пред да дадат препораки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст