| четврток, 6 декември 2018 |

Рамос пресреќен, доби дрес од својот идол!

serhio ramos

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос во неколку наврати во минатото истакнувал дека негов идол од младоста е легендарниот Франческо Тоти.

Но, и самиот, како што вели, синоќа не ни насетувал дека ќе добие таква чест од фудбалерот на кој отсекогаш му се восхитувал. Тоти, по синоќешниот дуел меѓу двете екипи, се појавил во соблекувалната на „кралевите“ и му подарил свој дрес на Рамос.

– Многу сум среќен што Тоти, идолот од моето детство и играч чија долга коса ја копирав во младоста, дојде во соблекувалната и ми подари дрес. За мене е тоа нешто големо. Исто така и тој зеде мој дрес. Овој секако ќе има посебно место во мојата колекција – истакна Рамос.

Дека Тоти е вистинска легенда покажаа и овациите кои ги доживеа на „Сантијаго Бернабеу“ кога влегуваше во игра. Италијанецот по дуелот изјави дека бил изненаден, и дека не очекувал дека Мадрид ќе му се „поклони“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top