| четврток, 6 декември 2018 |

Пол позиција во Бахреин за Нико Розберг

Ова е прва пол позиција оваа сезона за возачот на Мерцедес, кој утре ќе вози за големата награда на Бахреин. Со време од 1:32.330 минути на патеката Сакир, Розберг беше побрз за 2,5 десеттинки од актуелниот светски првак Себастијан Фетел, кој заврши втор на денешните кфалификации.

Минатонеделниот победник на трката во Шангај, Фернандо Алонсо ќе стартува како трет, а до него во вториот ред ќе биде Луис Хамилтон.

Марк Вебер го освои петтото место, но тој ќе стартува од осмата позиција поради казната која ја доби на претходната трка во Кина.  Поради Казните на Хамилтон и Вебер, Фелипе Маса ќе стартува веднаш до Алонсо од вториот стартен ред.

Одлични квалификации имаа возачите на Форс Индија, Пол ди Реста и Адријан Зутил, кои го комплетираа третиот стартен ред, додека место меѓу најдобрите десетмина изборија и Кими Раиконен и Џенсон Батон.

Трката за Големата награда на Бахреин, на патеката Сакир, четврта во шампионатот на Ф1 ќе се вози в недела со почеток во 14 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top