| четврток, 6 декември 2018 |

Упатство за флерт за 12 годишни девојчиња

Дали се сеќавате на Белграѓанката која ја чистела собата на својата 12 годишна ќерка и го пронајде упатството за мување момчиња? Но што се случи потоа?Мајката после неколку денови налета на уште едно пишано упатство.

флерт

Очигледно дека нејзината ќерка чита и се информира. Неважно е дали оваа белешка настанала пред или после претходната, важно е да ги крева веѓите и да му се одвојуваат усните кога ќе ја види, да и се насмевнува, да прави исто што и таа, да ја допре во минување, да ја наведе главата кон неа кога ќе ја види…

Мајката ова парче хартија ја разнежи и и се допадна како размислува нејзината ќерка и како го доживува светот околу себе, па на крајот и љубовта.

Тоа го потврдуваат и психотерапевтите.

-Голема грешка е кога родителот се смее кога ќе чуе дека детето му се заљубило, бидејќи таа смее ќе го оддалечи детето од родителите. Довербата е многу важна. Но ако детето има психолошка дозвола некој да му се допаѓа, тоа и понатаму не знае како тоа да го искаже. Затоа родителите би требало да му помогнат на детето да го изрази она што го чувствува. Тоа може да го направи и интернетот, но и книги за тинејџери кои се занимават со таква тематика. Тоа е добар начин детето да почне да ја прифаќа својата сексуалност- вели др. Зоран Миливојевиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top