Истражувачите од Универзитетот во Варвик соопштија дека намалениот број матични клетки во утробата е веројатно главната причина за спонтан абортус во првата бременост.
Истражувањето открило дека главна причина е недостаток на матичните клетки во слузокожата на матката, што е причина за спонтан абортус.
Една од пет бремености завршуваат со спонтан абортус, а на една од 100 жени кои се обидуваат да забременат и се повторуваат спонтаните абортуси.
Научниците окриле дека малиот број матични клетки веројатно е причина за забрзано стареење на слузницата на матката, што резултира со неуспех кај некои бремености.
– Ги истражувавме слузокожите на матката и откривме дека абортусите се предодредени уште пред бременоста, така што многу е важно да се посетува гинеколог веднаш по првиот сексуален однос – изјави Џон Брозенс, професор за гинекологија и акушерство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.