| четврток, 6 декември 2018 |

Му се испушти: Поповиќ откри кој ќе победи на „Ѕвездите на Гранд“

Ќе победи ли овојпат Македонец во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“. Ако лани на Филип и на Ален за влакно им избегаа првото и второто место, можеби годинава наш претставник ќе има повеќе среќа.

riste-640x360

Ристе Ристески, шармантниот охриѓанец повторно ја воодушеви публиката со својата фантастична изведба на хитовите „Тако лако“ од Џенан Лончаревиќ и „Опен сам ти у кафани“ од Харис Џиновиќ и заслужено со 6 гласа се пласираше во третиот круг од најгледаното музичко телевизиско шоу во регионот, „Ѕвездите на Гранд“.

20-годишниот талентиран пејач Ристе Ристески од Охрид оваа година за прв пат е дел од музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, а веќе добива силна поддршка од сопственикот на најголемата српска продукција „Гранд“ кој во текот на емисија искрено проговори дека е изненаден од потенцијалот на нашиот Ристе.

– Ристе многу ме изненади, тој е сериозен кандидат за победа во оваа сезона и идна голема ѕвезда на нашата продукција, прокоментира Саша Поповиќ.

Но и членовите на жирито не ги штедеа зборови за да го пофалат нашиот Ристе. Претседателот на жири комисијата, Шабан Шаулиќ откри дека почувствувал сила и моќ во гласот на Ристески, додека Марија Шерифовиќ прокоментира дека имала целосна доверба во Ристе при изведбата поради професионалниот однос на сцената.

Дивата Јелена Карлеуша беше детална околу коментирањето и како пророчица му ја откри иднината на шармантниот охриѓанец.

– Јас се одличув да гласам за Ристе Ристески. Ти момче имаш име кое судбината му предодредила да биде ѕвезда. Тебе на чело ти стои ѕвезда. Ти си расен, озбилен и талентиран млад пејач, верувајте ми на збор, јас кога ќе предвидам нешто тоа навистина се случува. Јас сум сигурна дека Македонија и целиот Балкан доби некој кој со преубав глас и прекрасно лице ќе биде нова голема ѕвезда за која целиот свет ќе зборува, искоментира Јелена Карлеуша за охриѓанецот Ристе Ристески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top