Српската Влада прогласи вонредна состојба поради поплавите на територијата на 15 општини во Србија, јави Танјуг.
Владата ја донесе одлуката на денешната седница.
Претходно денеска српските медиуми соопштија за подготвената вонредна состојба поради поројните дождови и прелевањето на реките.
Српското МВР соопшти дека во централниот дел на земјата се поплавени 710 домаќинства, а други 500 се загрозени од поплавите.
Водата поплавила куќи, земјоделски површини, патишта, неколку мостови се однесени од надојдените реки. Во многу домаќинства нема струја.
Досега се евакуирани 118 лица од поплавените области.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


