| четврток, 6 декември 2018 |

Внимателно: Свлечиште во близина на село Осој

На регионалниот патен правец Бошков Мост-Гари во близина на село Осој, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 50 метри, поради појава на свлечиште.

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија, како што информираат од Автомото сојузот на Македонија, се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

На патниот правец Кочани-Делчево поточно кај браната Калиманци,  свлечиштето е расчитено и сообраќајот е нормализиран и се одвива по двете коловозни ленти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top