Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски денеска изврши увид во градежните работи на новиот кружен тек, кој се наоѓа помеѓу улиците Лазо Трповски и Втора македонска бригада.
Викендов поради извршувањето на асфалтирањето оваа крстосница е затворена за сообраќај и сиот сообраќај и движење на автобуси е пренасочено по друга траса.
Автобусите од јавниот градски превоз на автобуската линија со број 9 што сообраќаат кон Топанско поле ќе се движат преку улицата Џон Кенеди и улицата Лазо Трповски, до супермаркетот „Принц“. Во обратна насока, кон Центар, автобусите ќе се движат по улиците Методија Митевски, Благоја Паровиќ и Џон Кенеди и продолжуваат по својата траса.
Автобусите на линијата со број 18А ќе се движат по булеварите Словенија и Македонско-косовска бригада, потоа по улицата Џон Кенеди и продолжуваат по својата траса. Автобусите со броевите 19, 49 и 81 ќе сообраќаат по улицата Босна и Херцеговина, по крак од улицата Дижонска и продолжуваат по својата траса по улицата Втора македонска бригада.
Новата сообраќајница ќе се формира на нивото на постојниот коловоз и ќе има една сообраќајна лента со ширина од 5,5 метри, којашто ќе ги опслужува сите четири краци на новата сообраќајница.
Во текот на градежните работи се изврши и заштита на постојната водоводна мрежа, на канализациските цевки и на гасоводната цевка, а поставено е и ново улично осветлување.
Градот Скопје за овој проект ќе потроши околу 22 милиони денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шилегов ќе го продава Мерцедесот – бил стар и небезбеден
-
Шилегов чека слика до Коце за на ѕид, Трајановски вели дека во градот има сто фотографии од него
-
Коневски: Победа за Коце Трајановски и листата – за да ги реализираме сите проекти за подобри услови во Аеродром
-
Трајановски и Мисајловски на средба со граѓаните и пазарџиите на пазарот во Ѓорче Петров (ФОТО ГАЛЕРИЈА)




