Обезбедување субвенции за купување на музички инструменти е еден од проектите наменети за млади лица што денеска ги промовираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Тој потенцира дека постојат голем број на музичари што не можат да си дозволат поквалитетни инструменти и затоа оваа мерка ќе им биде од голема помош.
-Во своите континуирани залагања за унапредување на уметноста и земјаќи ги предвид финансиските тешкотии за купување на музички инструменти, ВМРО-ДПМНЕ предвидува проект со кој секоја година ќе бидат субвенционирани до 50 музичари годишно со еднократен паричен надомест од 75 проценти од сумата за купување на нов инструмент, но не повеќе од 100.000 денари. Во голема мера оваа поддршка ќе значи 100 отстотно покривање на средствата за купување на инструмент, а во случаите каде се работи за поскап инструмент, оваа субвенција ќе биде значителна помош во неговото обезбедување, рече Груевски.
Проектот ќе се реализира преку Министерството за култура од септември 2017 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии