Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска промовираше 6 нови мерки наменети за младите.Тој потенцира дека младите се сила на општеството, но и огледало за тоа колку и како една држава сака да се развива. Досега беа промовирани 34 нови проекти, а дел од нив веќе и се реализираат. Со најавените денеска вкупно се 40 ниви проекти за младите.
Првата мерка која Груевски ја најави денеска е овозможување на бесплатна ласерска корекција на диоптрија за студентите кои имаат проблем со видот.
-Ласерската корекција комплетно ја елиминира потребата од носење очила и леки, трошоците за купување рамки, очила. Тоа е трајно решение за луѓето кои имаат ваков проблем. Затоа одлучивме да биде целосно бесплатно за студенти од 18-26 години. Со овој проект предвидуваме да се овозможи корекција на диоптријата за сите студенти на оваа возраст кои се од семејства со остварен нето приход до 115.080 денари на годишно ниво за над +/-2 диоптер, рече Груевски.
Овој зафат од сега за оваа категорија ќе биде целосно на товар на ФЗОМ.
-Ласерската корекција на диоптријата е безбедна успешна метода со која се добива јасен и прецизен вид. Оваа гранка на офталмологијата вклучува неколку процедури кои ја подобруваат способноста на окото и ја елиминира потребата од носење леки. Условите се лицето да има над 18 години, окото да биде здраво, да нема други заболувања и лицето да има стабилна диоптрија 12 месеци. Просечната сума која сега е потребна се движи околу 1200 евра. Со овој проекти, интервенцијата за оваа категорија на млади ќе биде покриена од државата, истакна Груевски.
Оваа корекција многу млади лица досега не можеа да си ја дозволат. Проектот кој денес го најави Груевски ќе започне од 2017-та година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии