| четврток, 6 декември 2018 |

Пејачката раскажа како од Фахрета станала Брена и што значи тој прекар

Моментот кога Фахрета Јахиќ станала Брена се случил пред да стане пејачка.

brena

Како што открила прекарот Брена го добила уште во средното училиште во 1975 година и тоа на кошаркарски терен.

-Во тој период почнав активно да тренирам кошарка. На кошаркарскиот терен настана и мојот денешен прекар – Брена. Прекарот ми го даде мојот тогашен кошаркарски тренер, Влада Бајер. Додека шутирав на кош, тој ми подвикна:„Ајде сега Брено!“. Во Босна тоа беше синоним за убава девојка. Секогаш сакав да се истакнувам и да се изборам за своето место под сонцето. Ма бев како струја! Затоа и се најдов под кошо со топка во рацете. Тука дојде до израз и мојата смисла за реалност. Сфатив дека не сум доволно талентирана за кошарка и дека секогаш ќе има некои кои се подобри од мене и кои нема да можам да ги достигнам. Кога подоцна Саша Поповиќ ме праша дали имам некој прекар, ми текна на тој настан и така станав – Брена. За време на гимназиските денови  почнав да пеам на игранки. Конечно сфатив дека сцената е мојот терен – раскажала пејачката во една прилика.

lepa-brena-gospodarko-razstavisce-2015

Легендарниот водител Милован Илиќ Минимакс се погрижи на Брена и се додаде и Лепа во 1981 година, со што веројатно и не знаеше дека со тоа создал уметничко име чие буквално значење би било „Убава убава девојка“.

Сепак Брена изјавила дека би била посреќна доколку сите ја вика Софија или Клаудија.

-Да знаев на самиот почеток на мојата кариера дека ќе достигнам олкава популарност е тогаш самата ќе учествував во креирањето на својот прекар, но што е тука е – појаснила пејачката.

sc-Lepa-Brena

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top