| четврток, 6 декември 2018 |

Осмомартовска честитка од Заев

 

zaev

Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое име ви го честитам 8 март, меѓународниот ден на жената на сите вас: мајки, сопруги, работнички, земјоделки, административки, професорки, новинарки, лекарки, правнички, невработени и вработени жени. 8 март е меѓународен ден на храбрите и одлучните жени кои ја започнале битката за правда. Таа битка вие храбрите и одлучни жени ја водите и во нашата земја – стои во честитката на претседателот на СДСМ, Зоран Заев по повод Меѓународниот ден на жената.

Тој додаде дека денес жените се носителки на промените.

-Ве среќаваме по плоштадите, ве гледаме по полињата, по пазарите, на работните места, во семејствата, до децата, до родителите. Вие чекорите кон ТАА посакувана слободата! Со ТАА одлучност и ТАА храброст, со ТАА посветеност и ТАА мудрост, со ТАА пожрвуваност и ТАА одговорност кои се потребни за ТАА најважна битка на нашето време. Тоа е нашата заедничка битка за правда, за ТАА посакувана среќа и ТАА надеж што `не води кон промените што ги почнавме. Секоја од вас е ТАА промена. Во мое име и во име на Социјалдемократкиот сојуз, чија идеолошка определба е еднаквоста, ви благодарам што се борите за сите нас, за Македонија – едно општество за сите, за ТАА заедничка иднина – стои во честитката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top