Просечниот век на жените во Македонија е 77,2 години и живеат 3,9 години подолго од мажите. Возраста на која стапуваат во брак е 26 години и решаваат да родат едно до две деца, покажуваат статистичките податоци.
Во 2014 години од вкупно 23.596 живородени деца, 48 проценти или 11.424 се женски, односно на 100 живородени женски деца се родени 106,5 машки. Најчесто име на живородените женски деца било Јана.
Во Македонија во 2014 година дипломирале повеќе жени од мажи. Податоците покажуваат дека 5.411 се дипломирани жени или 55,9 отсто од вкупниот број дипломирани студенти.
Од вработените жени, чијшто број изнесува 270.599, во приватниот сектор биле вработени 75 проценти. На цело работно време се вработени 95 проценти. Стапката на сиромаштија кај вработените жени изнесува 7,8 отсто и 35,7 отсто кај невработените.
Статистиката покажува дека во 2014 година најголем дел жени се отселиле од југозападниот регион на возраст од 30 до 64 години. Од вкупно отселените граѓани, 41 отсто биле жени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст