Директорот на македонската филијала на Групацијата Минеко Обоени Метали Дооел Александар Билбилов, нагласува дека инвестирање и овозможување на услови за постојан и непрекинат раст се основните принципи на работа и стратегијата на ниво на Групацијата. Компанијата цели кон остварување на зголемена продуктивност и модернизација на рударските методи, со цел да ги зголеми капацитетите. Ова е направено во согласност со глобалните трендови и ефективната имплементација на докажани модерни технологии. Овие инвестиции треба да креираат одржлив бизнис и се надеваме дека ќе ги подобрат социјалната, економската и благосостојбата на животната средина во заедниците каде работиме, потенцира Билбилов. Канцеларијата на Минеко во Скопје, продолжи тој, континуирано ја следи ситуацијата во Македонија и бара нови проекти во кои што би вложила и доколку постои економска можност планираме сите свои ресурси да ги посветиме кон реализација на некој таков проект.
Со инвестиции во висина од 55 милиони американски долари во шест рударски проекти во период од десет години и над 1.400 вработени Минеко Групацијата претставува регионален лидер во ископување на оловоцинкова руда и голем инвеститор на полето на рударството и енергетиката во Западен Балкан. Како што соопшти Минеко, групацијата во регионот е присутна од 2003 година и со преземање и ревитализација на рудниците „Рудник“ и „Велики Мајдан“ во Србија и „Сасе“ во Босна и Херцеговина се покажува како успешен реформатор од пропаднати во профитабилни рудници. Минеко ова лето ќе го отвори првиот нов рудник во Босна и Херцеговина во Олово, во близина на Сараево, а во 2017 година ќе започне со работа првиот нов рудник по 30 години во Србија во Босилеград. Групацијата во регионот моментално вработува околу 1.400 лица, а со новите рудници таа бројка ќе достигне 1.900 вработени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Повлечени 10 проекти од Годишната програма за култура
-
ВМРО-ДПМНЕ: Економските политики на Владата се покажаа како погубни за македонската економија и бизнис секторот
-
УМС на ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните од СДС и Алаѓозовски очекуваат да реализираат проекти во областа на културата, а ние ќе ве потсетуваме цело време на нив
-
Следната недела референдум во Гевгелија