Постојат многу народни рецепти за намалување на висок холестерол во крвта. Овој рецепт успешно ги регулира мастите во организмот.
Состојки:
-3 суви смокви
-1 чаша јаболкова киселина
Постапка: Смоквите избоцкајте ги со чепкалка и покиснете ги во една чаша јаболкова киселина. Поклопете и оставете да отстојат цела ноќ. Наутро кога ќе станете, прво изедете ги смоквите. Вкусот не е многу пријатен, но рецептот е делотворен. Може да испиете една чаша вода за да си го помогнете голтањето.
Следниот ден ја повторувате постапката, а смоквите ги покиснувате во истиот оцет.
После седум дена, јаболковата киселина се менува.
Терапијата трае 14 дена, по што се прави пауза од една седмица, па се повторува уште нови, 14 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.