Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој денеска е во посета на Делчево, изврши увид во градежните работи за доградба на градинката „Весели цветови“. За доградбата се инвестираат над 21 милион денари, средства обезбедени преку Светска банка и буџетот на општината. Со доградбата, градинката ќе биде проширена со уште 450 метри квадратни. Градежните работи се очекува да завршат најрано во мај, а најдоцна до септември.
– Има голема потреба од дефектолози во училиштата така што се очекува наскоро да има вработувања на ваков кадар, но веројатно има потреба и од психолози, истакна Груевски.
За време на посетата, Груевски заедно со министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и со заменик-министерот за труд и социјална политика Диме Спасов остварија средба со граѓаните од Делчево кои побараа да се реконструира улицата „Светозар Марковиќ“. Груевски рече дека се обезбедени средства за оваа улица.
Реконструкцијата, како што информира градоначалникот Дарко Шехтански, се очекува да започне по завршување на изборите, а за обнова на оваа и на уште две улици се обезбедени средства во висина од 260 илјади евра преку ИПА програмата. Планирано е да се постави атмосферска канализација, водоводна мрежа и нов асфалт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Скандал во градинка: Учителка со сила брка и влече дете по под (видео)