| четврток, 6 декември 2018 |

Што треба да правите за да имате убави и здрави дојки

i-zhenite-so-golemi-gradi-ne-im-e-lesno...234329

Градите се заштитен знак на секоја жена, нејзин главен адут и нејзино моќно женствено „оружје“. Токму поради тоа секој ден, уште од пубертетот, треба да се внимава на градите за да изгледаат негувано и убаво, но и да бидат здрави. На светот има сè поголем број жени што заболуваат од рак на дојка, а ризикот со текот на времето и со килограмите се зголемува.

Сè што секоја дама треба да го направи е во склад со нејзините години правилно да ги негува своите гради. Еве што треба да правите во дваесеттите, триесеттите, четириесеттите…

Наполнивте 30 години 

Вашите гради обично се осетливи за време на ПМС, па може да се појават грутки. Ќе забележите дека се менуваат во текот на бременоста и на доењето.

Внимавајте на исхраната, јадете што повеќе свеж зеленчук, овошје и други свежи намирници што ќе ви дадат оптимална количина минерали и витамини.

Вие знаете што е нормално за вас. Правете месечни прегледи за полесно да ги забележите промените. Имајте на ум дека постои поголем степен на рак на дојка по пет години од бременоста. Кажете му на својот лекар ако забележите промени, како крвавење или грутки и тоа што побрзо.

Наполнивте 40 години 

Вашите гради се помеки бидејќи имате повеќе масно ткиво.

Задолжително одете на мамографија. Мамографија во раните четириесети ќе ја сними состојбата така што лекарот може подобро да ги види промените. Воведете барем половина час дневна прошетка. Бидејќи помага во одржување здрава тежина и ниво на естроген, физичката активност може да го намали ризикот од рак на дојка.

Наполнивте 50 години или повеќе 

Ткивото во дојките полека се губи, а и градите се помалку еластични бидејќи кожата го губи колагенот. И понатаму можете да бидете пречувствителни или да забележите грутки, но по престанокот на менструацијата, хормоните ќе се смират и непријатното чувство ќе престане.

Некои жени се одлучуваат за хормонална терапија. Сепак со лекарот разговарајте за сите опции поради можниот ризик од појавување рак на дојка.

И дебелината е фактор на ризик. Ако досега не сте, сега е време да воведете редовен тренинг и да го намалите внесувањето на преголемо количество храна. Една студија на „Центарот за истражување на рак“ во Сиетл покажа дека дебелите жени меѓу 50 и 75 години, кои изгубиле само 5% од тежината го намалуваат ризикот од рак на дојка за дури 50%.

Дали е подобро да се оди на сонограм наместо на мамографија? 

Ултразвукот не може да ја замени мамографијата, но стручњаците не препорачуваат жените што имаат многу густо ткиво на дојките или семејна историја на рак на дојка, покрај мамографија да одат и на сонограм. Ако ткивото на вашите дојки е многу густо, необичните израстоци не можат да се прикажат толку лесно на мамографија што може на сонограм. Сепак бидејќи ултразвукот е осетлив, постои поголем ризик од лажна тревога. Од таа причина стручњаците не ги советуваат сите жени да одат на сонограм.

Едната дојка ми е поголема од другата. Дали е тоа во ред? 

Апсолутно! Всушност, многу малку жени имаат совршено симетрични гради. Без одредена причина, левата дојка по правило е поголема од десната. Не е невообичаено ни за брадавиците да изгледаат поинаку. Добриот градник може да ја сокрие разликата. Единствена причина за грижа е нагло растење на едната дојка или брадавица. Во тој случај одете на преглед.

Зошто понекогаш се појавува исцедок?

Во повеќето случаи тоа е безопасно, но ако ве болат дојките, ако ви се црвени или топли на допир, можеби имате инфекција за која се потребни антибиотици. Блокада на каналите, особено околу менопаузата исто така може да предизвика исцедок, како и исхраната богата со зачинот анасон или со бакар. Во ретки случаи, исцедокот може да биде знак на рак што се вика Пагетова болест. Во принцип, исцедокот е добар повод да посетите лекар за да бидете сигурни дека не е нешто сериозно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top