| четврток, 6 декември 2018 |

„Буден театар“ организира курс за куклен театар за деца

„Буден театар“ го организира првиот курс за куклен театар за деца. Курсот ќе го води Милиана Ленак, дипломиран актер за куклен театар и магистрант на филмска режија, воедно и автор на повеќе детски куклени претстави.

Во рамките на курсот децата може да се стекнат со теоретски познавања за различните типови кукли, своерачно да скицираат и да изработат кукли, да се запознаат практично со основите на сценско движење и водење кукли, да откријат како приказните може да бидат претворени во нови сценарија за куклени претстави и како се создаваат претстави преку игра, импровизација и многу забава.

6fac7647-79a7-4066-a982-86e2fee9a884

Времетраењето на курсот е два и пол месеци, почнувајќи од 16 март до 30 мај, а термините се секоја среда и понеделник од 19.00 до 20.15 часот. Во понеделник на 14. март ќе биде организиран бесплатен воведен час. Часовите ќе се одвиваат во просториите на „Импакт хаб“, Скопје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top