| четврток, 6 декември 2018 |

Берлин: Затворањето на балканската маршрута е шпекулација

Портпаролот на германската канцеларка Ангела Меркел, Кристијане Вирц, денеска изјави дека информациите на медиумите дека на денешниот Самит ЕУ-Турција во Брисел би можело да се договори „затворање на балканската бегалска маршрута“ се само шпекулации, сѐ додека разговорите сѐ уште траат.

бегалци

– Забележав новински извештаи во кои се шпекулира дека балканската маршрута би можела да биде затворена, но сакам да кажам дека во овој момент тоа е само шпекулација – истакна Вирц.

Таа додаде дека „преговорите се во тек и ќе мора да се почека“.

Медиумите вчера објавија дека лидерите на ЕУ на денешниот состанок во Брисел ќе настојуваат да ја „запечатат балканската мигрантска маршрута“, да ја зголемат помошта за Грција и ќе се обидат да го убедат турскиот премиер Ахмет Давутоглу да го забави бегалскиот прилив и да прифати илјадници луѓе кои не ги исполнуваат условите за добивање азил. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top