СВР Струмица поднесе кривична пријава против Р.Т. (36) од Струмица и Г.П. (47) од Штип, со привремен престој во Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело сквернавење на умрен.
Пријавените во текот на 2015 година, вработени како гробари во погребален оператор во Струмица, одземале златен накит при изведување работни задачи. Имено, пријавените при ископи на стари гробови поради закоп на други починати лица го одземале накитот кои го пронаоѓале, а потоа го продавале на неколку златари во Струмица.
При претрес во домот на пријавените биле пронајдени и со Потврда за одземени предмети одземени се две откупни белешки за откуп на злато од златара.
Во разговор со полициски служебници пријавените ги посочиле гробовите од каде го одземале златото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст