Вчера во градската капела во Кочани, од страна на лицата С.В. (68) и Б.С. (53), утврден е идентитетот на пешакот што загина во сообраќајна незгода ноќта на 4 март во 22.00 часот на магистралниот пат Кочани – Штип, кога во него удрило возило „пежо 206“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.П (35) од Кочани.
Се работи за лицето Ф.В. (63) од Штип, кој на 5 март во 15.20 часот во ПС-Штип бил пријавен за исчезнат.
Ноќта на несреќата, возачот на „пежото“ Б.П.(35) од Кочани отако удрил во пешакот, го напуштил местото на настанот.
Подоцна, во 00,50 часот Б.П. сам се пријавил во ПС Кочани, каде му е извршено алкотестирање и му е утврдено присуство на 0,87 промили алкохол во организмот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


