| четврток, 6 декември 2018 |

Фатен и вториот терорист во Бостон – ранет, но жив (фото)

Четири дена по бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон, полицијата успеа да го уапси вториот осомничен, 19 годишниот студент од Чеченија Џохар Царнаев, а неговиот брат Тамерлан Царнев (26) неколку часа претходно беше убиен во престрелка со полицијата.

Царнаев бил скриен во чамец сместен во двор од куќа во бостонското предградие Кембриџ во 20.45 часот по локално време. По престрелката со полицијата бил уапсен, а потоа и пренесен во болница поради сериозните повреди од огнено оружје.

Boston Marathon Explosions

Џохар Царнаев три часа претходно успеал да се извлече од обрачот што го направила полицијата во Ватертаун. Полицијата и официјално ја прекинала потрагата соопштувајќи дека не знае каде избегал осомничениот. Царнаев успеал да замине во Кембриџ, но поради тоа што бил ранет, не можел многу далеку да стигне, па се скрил во паркиран брод во една од куќите во предградието.

dzhokhar-tsarnaev3

Сопственикот на куќата забележал крвави траги кон бродот, па случајот го пријавил во полиција.

dzhokhar-tsarnaev-boat-pictures

Во потерата по браќата Царнаеви учествувале 9.000 полицајци. По објавувањето на веста за апсењето на вториот осомничен, илјадници жители на Бостон излегле на улиците да прослават.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top