Српскиот вицепремиер и министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Зоран Михајловиќ итно ги повика денеска сите претпријатија и агенции од Министерството да обрнат големо внимание и да ги преземат сите превентивни мерки против поплави поради поројните врнежи од дожд. Во повеќе српски општини е прогласена вонредна состојба поради надојдените реки.
Како што јави српските медиуми, најдраматична е состојбата во градот Пожега, кој е под вода по излевањето на три реки. Поплавени се стотици хектари обработливо земјиште во реонот, како и патишта, а во текот на ноќта луѓето го евакуирале добитокот. Вонредна состојба е прогласена и во општините Ариље и Лучани, откако водата од реките Моравица и Бјелица поплави повеќе патишта, куќи, фабрики и училишта. Метеоролозите предупредуваат и на зголемување на нивото на реките во реонот на Ужице.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.