| четврток, 6 декември 2018 |

МЗТ со пораз се прости од АБА лигата, Цедевита пресилна за „металците“

cedevita-mzt-060316

МЗТ Скопје Аеродром убедливо загуби во последниот настап во АБА лигата сезонава.

Евролигашот Цедевита вечерва во Загреб го совлада македонскиот првак со 89:64 на првиот натпревар од последното коло од АБА лигата.

Во тимот на Цеведита најефикасни беа Билан и Вокер, кои постигнаа по 16 поени, а кај нашиот претставник најпрецизен беше Ѓорѓе Дреновац со 21 поен.

Преостанатите натпревари од последното коло во АБА лигата се играат утре:
Мега – Металац,
Олимпија – Партизан,
Црвена Звезда – Крка,
Тајфун – Игокеа,
Задар – Сутјеска и
Будуќност – Цибона.
Табела:

1. Будуќност 22-3 (победи-порази),
2. Цедевита 19-7
3. Црвена Звезда 19-6
4. Мега 16-9
5. Партизан 12-13
6. Цибона 11-14
7. Задар 11-14
8. МЗТ Скопје 10-16
9. Олимпија 10-15
10. Крка 10-15
11. Игокеа 10-15
12. Металац 10-15
13. Сутјеска 9-16
14. Тајфун 7-18

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top