| четврток, 6 декември 2018 |

Роналдо прв стрелец, пола од головите ги постигна против два тима

ronaldo-real-madrid-goal

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо во вчерашниот натпревар ја „прегази“ Селта, постигна четири голови во победата на „кралскиот“ клуб од 7-1 и со тоа изби на првото место на листата на стрелци во Примера Дивизија со 27 голови.

Португалецот оваа сезона честопати е критикуван за неговата неефикасност во големите дуели, против најдобрите шпански тимови, затоа што нема постигнато ниту еден гол против Барса, Атлетико Мадрид, Севилја, Виљареал и Валенсија, но затоа, пак, ги „истури“ Еспањол и Селта.

Звучи неверојатно, но Роналдо од 27-те голови, 13 постигна на четирите наптревари против Селта и Еспањол, што процентуално гледано е скоро половина од головите, поточно – 48%.

Против Еспањол Роналдо има постигнато осум, а против Селта пет голови – сите овие 13 голови за само 180 минути игра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top