| четврток, 6 декември 2018 |

Проверено делува: Со чај од магдонос за 3 дена 5 килограми помалку (рецепт)

Магдоносот е растение кое го користиме како зачин и одличен сојузник е во борбата против уринарните проблеми и заболувањата на бубрезите. Но тој има уште една магична моќ – ја ослободува акумулираната вода во телото и само за неколку дена ќе се чувствувате многу полесни.

čaj-od-peršina

Со чајот од магдонос само за неколку дена може да бидете полесни и до пет килограми. Не станува збор за топење на салото, туку за прочистување на организмот и ослободување од течностите поради кои често се чувствуваме подуено и потешки.

Рецептот е многу едноставен. Во 1 литар врела вода додадете пет големи лажици исечкан магдонос. Оставете да отстои околу 20-на минути, а потоа чајот може да го процедите или да го пиете заедно со магдоносот.

Подготвувајте и пијте од чајот секојдневно по литар, најмногу до една недела. Веќе после третиот ден ќе се чувствувате многу полесни.

Исфрлањето на водата од телото е многу важно. Со урината ги исфрламе и токсините и бактериите. А за магдоносот е научно докажано дека е одличен диуретик, но и силен антиоксиданс. Пиењето на чај од магдонос е препорачливо, но секако не смеете да пртерате со овој чај. Консумирањето не смее да биде повеќе од еден литар дневно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top