Веќе извесно време се шират гласини дека во бракот на златната холивудска двојка Бредд Пит и Анџелина Џоли не е се како што треба.
Медиумите малку ги скаруваат, па ги смируваат, а сега се појавиле информации дека разводот на славната двојка е се поизвесен, а причината е неверство.
Како што пишува порталот „Парент Хералд“, Анџелина веќе го изневерила Бред со камерман на снимање, а актерот тоа не можел да и го прости.
Актерката неодамна престојуваше во Камбоџа, каде што го режира филмот „Првин го убија мојот татко“, а камерманот со кој наводно го изневерила својот сопруг е дел од екипата со која работи.
Како што пренесуваат странските медиуми привлечноста помеѓу нив била толку силна што не можеле тоа да го сокријат.
Претставниците за печат на славната двојка се уште не ја потврдиле оваа информација, а „Парент Херлад“ истакнува дека Бред планира да ја напушти Анџелина и да заснова дом во Англија.
Набргу откако се појавиле гласините за неверството Анџелина се вратила во Лос Анџелес со своите деца Пакс, Шајло и Захара.
Сега останува да се види дали станува збор за шпекулации или оваа двојка навистина ќе се разведе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се премислија-Џоли и Пит сепак не се разведуваат?
-
Џоли до мајките од Сребреница: Криминалот не смее да се заборави!
-
Ѓуро објави фотографија со Анџелина Џоли на „Фејсбук“, а одмаздата на неговата сопруга на „Инстаграм“ беше фотографија со…
-
Платила 25 милиони долари: Погледнете го новиот дом на Анџелина Џоли (ФОТО)