Излупени портокали во пластични садови, кои се продаваа во еден од американските супермаркети, предизвиаа лавина реакции. Веројатно не размислиле добро за овој чекор.
– Кога природата би можела да ги покрие овие портокали за да не мораме да трошиме толку пластика за нив!
Ова е само еден од низата иронични пораки на твитер. Само оваа порака е споделена над 70 илјади пати.
Особено интересно е тоа што излупеното овошје во вакво пакување е дел од асортиманот на продавница за органска храна, каде се стимулираат потрошувачите да користат хартиени кеси заради заштита на животната средина. Токму затоа реакциите се двојно „пострашни“. Не минаа ниту оправдувањата дека тоа е заради „постарите господа кои не би можеле сами да ја тргнат кората“.
За тоа колкав бил притисокот, посочува официјалното соопштение од синџирот, каде што се признава грешката и се додава дека во иднина „производот ќе го остават во неговото природно пакување- во кората“
Но, дел од коментарите на социјалните мрежи посочуваат и на други слични „експерименти“ кои минале незабележано, како „излупена спакувана банана“!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Народот излезе на Плоштад Македонија во одбрана на името Македонија
-
Сексапилната бразилка: Мојот задник ќе ги предвидува резултатите на Светското во фудбал
-
Фотографии сведочат какви биле условите пред да се добие новиот лик на МНТ
-
Се роди љубов: Бариш Ардуч и Елцин Сангу заљубени до уши во новата серија (Фото/Видео)